Оваа година на натпреварот по меѓународно арбитражно право „Вилем К. Вис“, кој се одржува во Виена, Австрија, тимот на Правниот факултет влезе во втората рунда од 64 најдобри универзитети во светот. Утре ќе биде финалното рангирање на кое се очекуваат и наградите за најдобри учесници.
Студентите Душка Кузмановска, Иво Илиевски, Мартин Иванов, Дарко Рашајковски, Никола Серафимов и Ана Каширска под менторство на проф. д-р Тони Десковски и м-р Вангел Доковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“, м-р Ана Пепељугоска од Адвокатското друштво „Пепељугоски“, тренерот и најдобриот оратор на минатогодишното натпреварување Љубен Коцев, како и минатогодишниот учесник Марјана Станинова се тимот што го постигна огромниот успех на меѓународниот натпревар.
Натпреварот, кој традиционално повеќе од 20 години се одржува во Виена, претставува собир на 300 најдобри универзитети во светот од областа на меѓународното арбитражно право.
Тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, под менторство на проф. д-р Тони Дескоски останува посветен на успехот и ќе земе учество на следниот натпревар кој ќе се одржи во 2017 година.
М.В
The post ОГРОМЕН УСПЕХ НА ТИМОТ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“: Помеѓу најдобрите на светот по меѓународно арбитражно право appeared first on Академик.