Quantcast
Channel: Тема –Академик
Viewing all 1877 articles
Browse latest View live

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА: Низа слабости во здравствени установи со двајца директори

$
0
0

Целта на предложените измени, истакнуваат од Министерството за здравство, е да се воспостави поефикасно и поефективно организирање на работата во установите со организациска поставеност во која лицето именувано за директор ќе биде одговорно за работата на установата.

Исто така, додаваат од Министерството за здравство, целта на законските измени е и намалување на трошоците поврзани со платите и другите трошоци за работење во јавните здравствени установи – здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт.

„Со Законот за здравствена заштита е уредено, покрај другото, раководењето со јавните здравствени установи. Со член 105 е предвидено во јавна здравствена установа – здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт да се именуваат двајца директори и тоа организациски директор и медицински директор кои се одговорни за работењето на јавната здравствена установа и за обврските што се преземаат во правниот промет во согласност со надлежностите утврдени со овој или друг закон, подзаконските прописи и менаџерскиот договор. Досегашното искуство во примената покажа низа слабости во јавните здравствени установи во кои беа именувани двајца директори поради несоработка на лицата кои беа именувани за директори, при што се јавуваа практични проблеми за реализација на акти и постапки каде што се бара согласност на двете лица“, велат од Министерството за здравство.

M.В

The post ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА: Низа слабости во здравствени установи со двајца директори appeared first on Академик.


Сојузот на синдикатите на Македонија за легитимноста на изборот на новиот претседател

$
0
0

„М-р Дарко Димовски пред околу една година беше избран за в.д. претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија на седница на Советот на ССМ одржана на 13.11.2016 година, со мнозинство на членовите на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија, по што Министерството за труд и социјална политика, врз основа на доставената комплетна документација, во согласност со Законот за работни односи на 14.11.2016 година донесе решение со кое за лице овластено за застапување на Сојузот на синдикатите на Македонија се запишува м-р Дарко Димовски.

Легитимноста на претседателот Димовски, велат од Сојузот на синдикатите, покрај потврдата од Министерството за труд и социјална политика, беше потврдена  и од страна на Централниот регистар на Република Македонија кој го запиша Дарко Димовски како лице овластено за застапување на Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски, во своето прво обраќање истакна дека конечно профункционира правната држава и дека конечно се слушна гласот на работниците. Сојузот на синдикатите на Македонија конечно ќе може вистински да работи на заштита на работничките права, унапредување на социјалниот дијалог и враќање на синдикалното единство и синдикалната доверба преку подигнување на работничките права на највисоко ниво и во интерес на работниците“, додаваат во соопштението на Сојузот на синдикатите.

Вчера Централниот регистар излезе со соопштение во кое појаснува дека основен регистар за синдикатите е Министерството за труд и социјална политика.

Во врска со наводите за незаконски донесеното решение од Централниот регистар за упис на нов претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, информираме дека се неосновани и неточни, велат од Централниот регистар на Македонија.

„Во регистарот на други правни лица, врз основа на Решение број 08-8191/2 од 14.11.2016 донесено од министерот за труд и социјална политика Фросина Ременски и Решение број 08-8191/14 од 4.8.2017 донесено од министерот за труд и социјална политика Мила Царовска, се изврши евидентирање на промена на овластено лице за застапување на Сојузот на синдикати на Македонија. Во согласност со член 190, став 1 од Законот за работните односи, синдикатите се запишуваат во регистарот на синдикати, кој се води во Министерството надлежно за работите од областа на трудот. Според тоа, основен регистар за синдикатите е Министерството за труд и социјална политика. Централниот регистар на Република Македонија, во согласност со член 13 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, обезбедува податоци определени во член 4 од истиот закон за субјектите за кои основниот регистар го води друг орган“, стои во соопштението.

Вчера на прес-конференција Дарко Димовски објави дека Централниот регистар го спровел решението на Министерството за труд и социјална политика со кое тој е овластено лице за застапување на ССМ. Димовски најави дека со неговото назначување почнува ново поглавје на синдикализмот, кое ќе го врати достоинството на работниците во Македонија.

На изјавата на Димовски реагираше Живко Митревски според кого со донесувањето решение на Централниот регистар е погазен правниот систем, бидејќи од регистарот е избришан тој како легитимно избраниот претседател.

Сојузот на синдикатите на Македонија  – ССМ е организација во која доброволно и врз демократска основа се здружуваат синдикатите. ССМ ги обединува и ги застапува заедничките општествени, економски, социјални и културни интереси на здружените синдикати.

ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР: Основен регистар за синдикатите е Министерството за труд и социјална политика

М.В

 

The post Сојузот на синдикатите на Македонија за легитимноста на изборот на новиот претседател appeared first on Академик.

Ангела Меркел: Забраната за мотори со внатрешно согорување е вистински чекор и за Германија

$
0
0

И покрај компромисното решение за намалување на емисиите на штетни гасови од дизел автомобилите во Германија, кое на почетокот на август го постигна германската Влада со автомобилските компании, сепак во екот на предизборната кампања канцеларката Ангела Меркел изјави дека забраната за мотори со внатрешно согорување е вистински чекор и за Германија.

„Исто како и некои други земји, тоа треба да го направи и Германија“, изјави канцеларката Ангела Меркел во интервју за неделникот „Суперилу“.

Овој став на Меркел следува како резултат на сè поголемиот притисок од страна на регулаторните органи врз германските автомобилски компании, пред сè, поради употребата на уредите за прикривање на реалните нивоа на емисии на гасови од дизел моторите.

„Не сакам да прецизирам конкретна година“, истакна Меркел, продолжувајќи ја изборната кампања по тринеделниот одмор, нагласувајќи притоа дека плановите на Велика Британија и на Франција целосно да ги забранат возилата со внатрешно согорување до 2040 година претставуваат исправен чекор.

Инаку, на почетокот на предизборната кампања пред два дена, Меркел изјави дека земјата сè уште има потреба од бензински и дизел мотори. Но, притоа ги повика шефовите на автомобилските компании во земјата да бидат искрени во иднина и да направат сè што е можно за да ја обноват довербата, особено по обелоденувањето на аферата „Дизелгејт“.

Осврнувајќи се на ова прашање, германската канцеларка во текот на викендот во Дортмунд изјави дека германската автомобилска индустрија ќе мора да најде начин да ја поврати довербата, а тоа, како што нагласи, би можело да се случи така што компаниите ќе понудат поволности преку програмата „Старо за ново“, како и преку инсталирањето нов софтвер за намалување на штетните гасови.

„Потрошувачите кои беа изманипулирани мора да добијат позитивни резултати од емисиите на гасови во животната средина“, нагласи Меркел.

Таа додаде и дека Германија во наредните години би требало да се фокусира на изградба на станици за полнење на батерии, како и изградба на потребната инфраструктура за возила на електричен погон на територијата на цела Германија, пред сè, поради фактот дека во Германија автомобилите на електричен погон стануваат секојдневје на патиштата.

Во меѓувреме, за да останат на работа околу 800.000 работници во автомобилската индустрија, германските компании веќе почнаа да инсталираат нов софтвер поради зголемување на ефикасноста на системот за пречистување на штетните гасови и намалување на нивоата на загадување од азотен оксид за 25 до 30 отсто.

Исто така, на почетокот од овој месец, автомобилските компании се согласиле да дадат финансиски придонес на фондот за „одржлива мобилност“, кој би требало да им помогне на германските градови во намалување на загадувањето на воздухот.

А. Б.

 

The post Ангела Меркел: Забраната за мотори со внатрешно согорување е вистински чекор и за Германија appeared first on Академик.

УПИСИ НА УКИМ: Зголемен интерес, но и доволно слободни места на Правниот факултет „Јустинијан Први“

$
0
0

 Според Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за оваа студиска година, слободни се 10.818 места од кои 5.865 се резервирани за редовни студенти (партиципација од 200 евра), 3.793 за редовни студенти (со кофинансирање со 400 евра) и 1.160 места за вонредни студенти (400 евра). Вториот уписен рок е на 4 септември, а третиот рок за пријавување е на 15 септември. Електрoнското пријавување на кандидатите се врши преку www.upisi.ukim.mk.

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиски програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат студенти во редовните и во дополнителните квоти.

Во согласност со глава I од Конкурсот во учебната 2017/2018 година, велат од Правниот факултет „Јустинијан Први“, може да се запишат следниот број студенти: во согласност со  глава I од Конкурсот во учебната 2017/2018 година, на правни студии може да се запишат 300 редовни студенти во  државна квота, 150 редовни студенти во квота со кофинансирање и 20 вонредни студенти.

На политички студии (македонски јазик) може да се запишат 50 редовни студенти во државна квота, 30 редовни студенти во квота со кофинансирање и 10 вонредни студенти. На политички студии (англсики јазик) може да се запишат 30 редовни студенти во државна квота и 10 редовни студенти во квота со кофинансирање.

На студиите по новинарство може да се запишат 30 редовни студенти во државна квота, 25 редовни студенти во квота со кофинансирање и 5 вонредни студенти, а на студиите по односи со јавност може да се запишат 30 редовни студенти во државна квота и 30 редовни студенти во квота со кофинансирање.

Исто така, додаваат од Правниот факултет „Јустинијан Први“, во согласност со глава IX, точка 1 од Конкурсот во учебната 2017/2018 година, може да се запишат вкупно 12 студенти, чие родителско право го врши само еден родител, а кои плаќаат половина од износот на уписнината во учебната 2017/18 година.

Воедно, посочуваат од „Јустинијан Први“, во согласност со глава IX, точка 2 од Конкурсот, во учебната 2017/2018 година може да се запишат и вкупно 72 студенти, кои ќе се изјаснат како припадници на заедници кои не се мнозинство во РМ.

Претседателката на Конкурсната комисија при Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Неда Здравева, вели дека уписите на факултетот се одвиваат во најдобар ред. Оваа година, истакнува Здравева, интересот на студентите е зголемен, но слободни места на факултетот има доволно.

„Ние на студентите гледаме како на партнери и на рамноправни членови на академската заедница. Студентите претставуваат една од заинтересираните групи во потфатот на високото образование и нивниот глас, секако, треба да се слушне и да се почитува во процесот на остварување на нивните студентски права“, вели деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Горан Коевски.

„Би ги поканил сите заинтересирани матуранти да се запишат на Правниот факултет ’Јустинијан Први’ било на правните, било на политичките или на студиите за односи со јавност или по новинарство. Сите сте добредојдени заеднички да се обидеме да ја вратиме довербата во правниот систем и во механизмите на правната држава. Ајде заеднички да се соочиме со предизвикот правото да не го сфаќаме само како систем на начела со кои ќе се наметнуваат правила на однесување во општеството, туку и како флексибилен инструмент преку кој ќе се остваруваат нови социјални цели“, нагласи во интервјуото за Академик, деканот Коевски.

Идните студенти на Правниот факултет денес ја поднесуваа потребната документација за упис на правните студии.  Во разговорот со дел од нив, велат дека одлучиле да студираат право бидејќи тоа за нив претставува професија што подразбира љубов кон правдата, но и професија што отвора многу перспективи.

„Правото е благородна професија и нуди голем професионален избор. Младите правници по завршувањето на студиите може да се определат за адвокатура, нотаријат, извршители, администрација. Очекуваме дека професорскиот кадар ќе го пренесе своето знаење на нас како на идни правници. Исто така, очекуваме да имаме студии со многу практична настава, истражувања и посветеност кон правните вредности“, коментираат идните студенти.

М.В

The post УПИСИ НА УКИМ: Зголемен интерес, но и доволно слободни места на Правниот факултет „Јустинијан Први“ appeared first on Академик.

Во македонското здравство повторно во употреба сините картони

$
0
0

Во македонското здравство, граѓаните, односно пациентите повторно ќе ги користат сините картони за лекување и тоа како во здравствените установи, така и во аптеките, потврдува Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, бидејќи на здравствените електронски картички им истече петгодишниот рок на траење.

Главна причина за враќањето на сините картони во употреба е тоа што сè уште нема фирма која ќе ги печати новите картички, па затоа, како што информираат од Фондот за здравствено осигурување, сите осигуреници на кои ќе им истече електронската картичка треба да се обратат во подрачните единици на Фондот за да подигнат сини картони.

Фирмите, пак, коишто имаат повеќе од 10 вработени, како што е наведено на веб-страницата на Фондот за здравствено осигурување, може да закажат достава на сини картони по електронска пошта: infoskopje@fzo.org.mk

Во дел од аптеките велат дека нема да се случат никакви проблеми со издавање на лекови кои се на позитивната листа, бидејќи на голем број осигуреници електронските картички им имаат важност заклучно со 31 декември 2017, додека другите приложуваат сини картони.

Инаку, хрватската фирма „АКД“ која го доби тендерот и ги изработуваше електронските здравствени картички се повлече, односно веќе не работи, а поради внатрешни несогласувања, голем број граѓани кои во текот на изминатите години имаа поднесено барања за  издавање електронска здравствена картичка, останаа без неа.

Граѓаните во Скопје велат дека единствената предност на електронските картички беше што постојано ги имаа со себе, односно нивната важност беше повеќегодишна, па како што појаснуваат, не мораше да одат да подигнуваат сини картони во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување.

„Секогаш кога одев на лекар, морав со себе да ја носам и здравствената легитимација, така што не гледам голема разлика меѓу електронските картички и сините картони. Електронската картичка сосема исто како и сините картони беше доказ само дека сум осигуреник на Фондот за здравствено осигурување. Сега повторно, како и пред пет години, се надевам дека фирмата во која работам секој месец ќе ги доставува сините картони за своите вработени“, вели Томица Спировски.

Се очекува во текот на наредниот период надлежните институции да донесат одлука дали во здравствениот систем во Македонија ќе останат во употреба електронските картички или, пак, дефинитивно ќе се употребуваат сините картони.

А. Б.

The post Во македонското здравство повторно во употреба сините картони appeared first on Академик.

Заложби за родова еднаквост во спортот

$
0
0

Заложба за родова еднаквост во спортот и поголема вклученост на жената во менаџирањето на федерациите и другите спортски асоцијации, ова е заклучокот од средбата меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претседателката на невладината организација ТАКТ, Силвија Митевска.

На работната средба се договори соработка меѓу АМС и ТАКТ, насочена кон дополнително вклучување на жените во спортот. Каевски потенцираше дека во Советот на спортот ќе бидат застапени и жените, преку искусни и успешни спортистки. Македонија се гордее со голем број врвни ракометарки, пливачки, жени – спортски работници.

Од претставниците на ТАКТ беа презентирани и претстојните активности. Се подготвува кампања за зголемување на интересот за спорт кај најмладите, ученичките од основните и средните училишта, а Агенцијата за млади и спорт ќе биде партнер на проектот, со своја поддршка и вклученост.

Невладината организација ТАКТ Скопје, која се залага за промоција и унапредување на родовата еднаквост во спортот, активно работи на креирање политики за надминување на родовите стереотипи во спортот.

Оваа година невладината организација ТАКТ, Скопје, со поддршка од UN Women, ја организираше првата национална конференција „Жени во спортот“. На оваа конференција се разговараше за предизвиците и родовите стереотипи со кои се соочуваат македонските спортистки и за родовата (не)еднаквост во спортот. Освен идентификација на предизвиците, се дискутираше и за креирање на национални стратегии за зголемување на бројот на жените во спортот и во спортскиот сектор.

Во Законот за еднакви можности на жените и мажите се дефинара дека еднаквите можности на жените и мажите е промовирање на начелото за воведување еднакво учество на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор, еднаков статус и третман во остварувањето на сите права и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултатите произлезени од тој развој.

Субјекти кои ги воспоставуваат еднаквите можности и еднаквиот третман на жените и мажите се органите на законодавната, извршната и судската власт, единиците на локалната самоуправа и други органи и организации во јавниот и приватниот сектор, јавни претпријатија, политички партии, средствата за јавно информирање и граѓанскиот сектор и сите лица кои обезбедуваат стоки и услуги кои се достапни за јавноста и кои се нудат надвор од подрачјето на приватниот и семејниот живот и трансакциите што се вршат во тој контекст без разлика дали односното лице припаѓа на јавниот или приватниот сектор.

М.В

 

The post Заложби за родова еднаквост во спортот appeared first on Академик.

Постапка за именување на јавниот обвинител на Република Македонија

$
0
0

Од Јавното обвинителство, повикувајќи се на Законот за Јавното обвинителство, велат дека условите што треба да бидат исполнети за едно лице да стане јавен обвинител на Република Македонија се: да биде работоспособен државјанин на Република Македонија со општа здравствена способност, кој активно го владее македонскиот јазик, има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник со положен правосуден испит во Република Македонија, како и работно искуство од најмалку осум години по положениот правосуден испит, со потврдени резултати  во правни работи, односно е редовен/вонреден универзитетски професор кој предава повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика.

„Доколку на јавниот обвинител на Република Македонија му престане функцијата или е разрешен од неа, Советот на јавните обвинители на Република Македонија од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија определува јавен обвинител што ќе ја врши функцијата до именувањето на јавен обвинител на Република Македонија“, посочуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Постапка за именување на јавниот обвинител на Република Македонија

Во Законот за јавното обвинителство се пропишува дека јавниот обвинител на Република Македонија, по предлог на Владата на Република Македонија, го именува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување.

Според законски предвидената процедура,  Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија го огласува именувањето на јавниот обвинител на Република Македонија во „Службен весник на Република Македонија” и во најмалку два дневни весници од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, најдоцна два месеца пред истекот на мандатот или веднаш по упразнувањето на местото.

Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Советот на јавни обвинители на Република Македонија, по барање на Владата на Република Македонија, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето до Владата на Република Македонија, доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите во согласност со законот.

Владата на Република Македонија до Собранието на Република Македонија доставува предлог за именување на јавен обвинител на Република Македонија од пријавените кандидати, за кои Советот дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител на Република Македонија, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот.

Ако Советот на јавни обвинители на Република Македонија, се пропишува во Законот за јавното обвинителство,  од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата на Република Македонија, рокот се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Ако Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати или од пријавените кандидати Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител на Република Македонија, може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Собранието го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски

Советот на јавни обвинители го прифати предлогот на Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски

Законските одредби за разрешување на јавниот обвинител на РМ по предлог на Владата на РМ

Владата одлучи да иницира постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски

M.В

The post Постапка за именување на јавниот обвинител на Република Македонија appeared first on Академик.

Случајот „Carvalho Pinto de Sousa Morais против Португалија“ и пресудата на ЕСЧП со која се утврдува повреда на забраната за дискриминација

$
0
0

Анализирајќи ја судската практика на Европскиот суд за човековите права, Хелсиншкиот комитет за човековите права во месечникот за дискриминација дава осврт на случајот на Карвало Пинто де Суса Мораис (Carvalho Pinto de Sousa Morais) против Португалија. Со пресудата на ЕСЧП (Судот), во случајот на Карвало Пинто де Суса Мораис против Португалија (no. 17484/15), со 5 наспроти 2 гласа, се одлучи дека има повреда на член 14 од ЕКЧП (забрана за дискриминација), како и член 8 (право на приватен и семеен живот).

Случајот, елаборираат од Хелсиншкиот комитет, се однесува на одлуката на Врховниот суд во Португалија, со која се намалила сумата за компензација на тужителката, 50-годишна жена, која претрпела здравствени компликации по некои гинеколошки интервенции.Операцијата што се случила во 1995 година ја оставила оваа жена во голема постојана болка, во незадоволство и тешкотија во сексуалниот живот. Тужителката истакнува дека одлуката да се намали компензацијата е дискриминаторска, бидејќи не е во согласност со потребата за квалитетен сексуален живот – како неважен за жените.

Националното судство во донесувањето на одлуката имало дискриминаторски однос кон полот и возраста на тужителката, така што конечната одлука не се однесува само на намалување на сумата со која ќе се изврши компензацијата, туку се прекинува и помошта која тужителката ја добивала од специјализирана помошничка.

Одлуката во голема мера е базирана врз претпоставката дека сексуалноста не е важна за 50-годишна жена и мајка на две деца, како на пример, за некоја тинејџерка. Во одлуката на Судот, овие претпоставки покажуваат јасен однос на предрасуди, кој превагнал во судството на Португалија.

М.В

The post Случајот „Carvalho Pinto de Sousa Morais против Португалија“ и пресудата на ЕСЧП со која се утврдува повреда на забраната за дискриминација appeared first on Академик.


Владата во вторник ќе ја започне процедурата за именување нов јавен обвинител на Република Македонија

$
0
0

На првата владина седница која треба да се одржи следната недела во вторник, Владата на РМ ќе ја започне процедурата за именување на нов јавен обвинител на Република Македонија.

На денешната прес-конференција посветена на постапката за избор на јавниот обвинител, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, рече дека на седницата на Владата во вторник на дневен ред ќе биде усвојување заклучок со кој Владата ќе му предложи на Собранието да распише оглас за пријавување кандидати за нов државен јавен обвинител.

Бошњаковски ја образложи процедурата за именување нов државен јавен обвинител, според која огласот трае 15 дена, по што процедурата повторно се враќа во Владата, која треба да избере еден кандидат од пријавените, кој потоа ќе му го предложи на Собранието кое треба да го избере со просто мнозинство од 61 глас.

„Изборот на новиот јавен обвинител ќе биде според потребите на граѓаните. Тој ќе ги почитува законот и Уставот на Република Македонија. Владата на наредната седница ќе постави предлог-заклучок за избор на јавниот обвинител. Собранието ќе треба да објави оглас во ‘Службен весник’, а пак Советот на јавни обвинители ќе треба да даде свое мислење, со што ќе донесе одлука за еден од кандидатите. Процедурата продолжува повторно во Собрание, каде што пратениците со просто мнозинство ќе треба да го изгласаат“, рече портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Постапка за именување на јавниот обвинител на Република Македонија

Собранието го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски

Советот на јавни обвинители го прифати предлогот на Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски

Законските одредби за разрешување на јавниот обвинител на РМ по предлог на Владата на РМ

Владата одлучи да иницира постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски

M.В

 

 

The post Владата во вторник ќе ја започне процедурата за именување нов јавен обвинител на Република Македонија appeared first on Академик.

Во подготовка измени на Законот за полиција

$
0
0

Министерството за внатрешни работи известува дека во тек е подготовка на измени на Законот за полиција. Со овој закон се уредуваат полициските работи, организацијата на полицијата, полициските овластувања и правата и обврските што произлегуваат од работниот однос на полициските службеници во Министерството за внатрешни работи што не се уредени со Законот за внатрешни работи.

„Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за полиција, како резултат на неговата досегашна практична имплементација, а со цел нивно допрецизирање, усогласување со закони донесени во периодот по донесување на основниот текст на Законот за полиција, како и содржинско и нормативно-правно унапредување на предвидените законски решенија во правец на нивна доследна практична примена. Со законот чие донесување се предлага, се пристапи кон ревидирање на одредени решенија содржани во Законот за полиција што се однесуваат на начинот на преземање одредени полициски овластувања, водење на евиденциите во полицијата, усогласување со Законот за прекршоците (‘Службен весник на РМ‘ бр. 124/15), како и содржинско односно нормативно-правно подобрување на текстот на законот. Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи содржинско и нормативно-правно допрецизирање на законските решенија“, велат од Министерството за внатрешни работи.

М.В

The post Во подготовка измени на Законот за полиција appeared first on Академик.

УЈП: Вработени во Управата за јавни приходи „амнестирале“ даночни обврзници од плаќање на данок

$
0
0

Вработени во УЈП „амнестирале“ даночни обврзници од плаќање на данок, беше истакнато на денешната прес-конференција во Управата за јавни приходи. За овие лица, истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска, се води дисциплинска постапка, но истрагата и понатаму ќе се проширува.

Меѓу инволвираните, додаде Лукаревска, се и лица на високи раководни функции одговорни за мониторирање на системот. Меѓу компаниите има и приватни и државни фирми и поголем дел од нив се познати во јавноста, а се дел од листата на должници што ја објавува Управата за јавни приходи.

Според податоците на кои посочи Лукаревска, триесет и седум компании од Скопје, потпомогнати од вработени во УЈП, во текот на 2015 и 2016 година успеале да избегнуваат наплата на милионски долгови за данок на добивка. 37- те фирми биле ставени во привилегирана позиција на начин што во електронскиот систем на УЈП за данок на добивка била овозможена посебна програма за забрана за печатење опомени за долгови по основ на данок на добивка, која овозможувала подолг период, односно околу две години даночните обврзници да бидат изземени од постапки за присилно наплатување на евидентирани милионски долгови.

„По основ на добиени информации и одредени сознанија за постоење на незаконски дејствија и интервенции во системот на УЈП за данок на добивка, утврдено е дека свесно и намерно со интервенција и насоки од вработени во УЈП, извршено е изземање на 37 правни лица од постапки на присилна наплата, односно овие фирми подолг временски период биле отстранувани од листите за генерирање опомени за наплата на долгови за данок на добивка, што е услов за отпочнување постапки за присилна наплата. И покрај тоа што службите на УЈП имале обврска да го мониторираат целокупниот процес и да ги преземат сите неопходни мерки за издавање опомени во согласност со евиденцијата и состојбата на долговите за даночните обврзници и да преземат мерки за отпочнување даночни постапки, тоа не било сторено токму за овие 37 фирми, цели две години“, нагласи Лукаревска.

„Никој нема да биде привилегиран надвор од законот, ниту даночните обврзници, ниту бизнисите, ниту сметководителите, ниту граѓаните, а најмалку вработени во УЈП. Злоупотреба на положбата на даночниот службеник за остварување на каква било корист за друго службено лице или за друго правно или физичко лице нема да се толерира и за сите инволвирани ќе бидат покренати постапки“,додаде директорката на УЈП.

М.В

The post УЈП: Вработени во Управата за јавни приходи „амнестирале“ даночни обврзници од плаќање на данок appeared first on Академик.

Официјален Белград: Имаме докази за офанзивно дејствување против органите и институциите на Србија

$
0
0

По вчерашното повлекување на сите дипломати и вработени од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија на итни консултации во Белград, денеска српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека главна причина за ваков драстичен чекор е тоа што српските надлежни органи утврдиле и докажале дека против Србија е извршено разузнавачко дејствување.

„Нашите надлежни органи утврдија и ни дадоа докази и сознанија за многу офанзивно дејствување против органите и институциите на Србија. За седум до десет дена, работите ќе бидат појасни“, потенцираше Вучиќ, нагласувајќи притоа дека постојат многу шпекулации за одлуката на Белград да ги повика своите дипломати на итни консултации.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во изјава за Танјуг истакна дека официјален Белград ќе ги преземе сите мерки за да ги заштити српските интереси во Македонија. Истовремено, како што рече, ќе ги преиспита способностите и капацитетите за извршување на работите на Амбасадата во Скопје во актуелните услови.

„Веќе следната недела, по состаноците што ќе ги имаме овде и од разговорите со претседателот Александар Вучиќ, дел од персоналот на Амбасадата ќе биде вратен во Скопје, а амбасадорот ќе се врати подоцна кога ќе ги завршиме сите консултации што треба да ги направиме овде во Белград. Ќе  преземеме мерки за да се подготвиме за работа во едно такво опкружување. Ние недвосмислено сакаме добри односи со Македонија. Сакаме да градиме добри односи затоа што сме соседи, затоа што имаме многу заеднички интереси и затоа што сме два блиски народи. Но, наша обврска е да ги заштитиме нашите интереси и во согласност со тоа ќе ги применуваме основните дипломатски принципи во меѓународните односи, односно принципот на реципроцитет во сите области“, истакна Дачиќ.

Инаку, според српскиот министер за надворешни работи, вработените во Амбасадата на Србија во Македонија се повлечени бидејќи, како што изјави за Танјуг, „недвосмислено со јасни докази е утврдено засилено офанзивно дејствување кон Република Србија“ во кое, како што вели, е присутен и странски фактор.

Претходно, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека „не станува збор за мала работа“ и дека по повод настанатата ситуација таа имала работни состаноци и со претседателот на државата, Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Од своја страна, а по повод повлекувањето заради итни консултации во Белград на целиот персонал од Амбасадата на Србија во Скопје, Владата на Република Македонија излезе со соопштение во кое наведува дека Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји.

„Кога постојат отворени сензитивни прашања помеѓу два наши соседи, Владата на Република Македонија секогаш ги следи интересите на државата базирани врз принципите на добрососедство и унапредување на регионалната соработка, неутралност и немешање во споровите меѓу државите. Во однос на гласањето за членство на Косово во УНЕСКО, Владата на РМ ќе ги има предвид позициите на мнозинството земји членки на Европската Унија“, се вели во соопштението од Владата на Република Македонија.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека во согласност со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Република Србија во Скопје.

Што се однесува до шпекулациите за повлекување на персоналот од Српската амбасада, „Спутник“ денеска објави дека македонската Влада подготвила предлог за поддршка за зачленување на Косово во УНЕСКО и дека тоа е една од причините поради која српското Министерство за надворешни работи го повлече персоналот од Амбасадата во Скопје на итни консултации.

А. Б.

The post Официјален Белград: Имаме докази за офанзивно дејствување против органите и институциите на Србија appeared first on Академик.

Министерството за здравство подготвува законски измени за подобра контрола на квалитетот на лековите

$
0
0

Министерството за здравство подготвува измени на Законот за лековите и медицинските помагала. Законските измени имаат за цел, истакнуваат од Министерството за здравство, обезбедување сигурен, квалитетен и безбеден лек на пазарот во Република Македонија и воведување построги критериуми во постапката на добивање одобрение за паралелен увоз на лекови, со што ќе се подобри контролата на лековите кои се увезуваат по пат на паралелен увоз во Република Македонија.

„Со Законот за лековите и медицинските средства е уреден паралелниот увоз на лековите и медицинските средства. Паралелен увоз на лекови врши веледрогерија која има одобрение за промет на големо со лекови и медицински средства и одобрение за делови од процесот на производство издадено од надлежен орган во РМ, како и здравствена установа која паралелниот увоз го врши исклучиво за сопствени потреби и не смее да врши промет со паралелно увезените лекови. Во досегашната примена на Законот, констатирано е дека на налепницата која се наоѓа на надворешното оригинално пакување на лекот има недоволно податоци за лекот кои се од значење за соодветна примена и ракување со него, како и дека критериумите во постапката за добивање одобрение за паралелен увоз на лекови се недоволни за да се подобри контролата на квалитетот на лековите“, велат од Министерството за здравство.

M.В

The post Министерството за здравство подготвува законски измени за подобра контрола на квалитетот на лековите appeared first on Академик.

Започнува процедурата за именување на нов јавен обвинител на Република Македонија

$
0
0

На прес-конференција посветена на постапката за избор на јавниот обвинител, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, ја образложи процедурата за именување на нов државен јавен обвинител, според која огласот трае 15 дена, по што процедурата повторно се враќа во Владата, која треба да избере еден кандидат од пријавените, кој потоа ќе му го предложи на Собранието кое треба да го избере со просто мнозинство од 61 глас.

„Изборот на новиот јавен обвинител ќе биде според потребите на граѓаните. Тој ќе ги почитува законот и Уставот на Република Македонија. Владата на наредната седница ќе постави предлог-заклучок за избор на јавниот обвинител. Собранието ќе треба да објави оглас во ‘Службен весник’, а пак Советот на јавни обвинители ќе треба да даде свое мислење, со што ќе донесе одлука за еден од кандидатите. Процедурата продолжува повторно во Собрание, каде што пратениците со просто мнозинство ќе треба да го изгласаат“, рече портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Од Јавното обвинителство, повикувајќи се на Законот за Јавното обвинителство, велат дека условите што треба да бидат исполнети за да стане едно лице јавен обвинител на Република Македонија се: да биде работоспособен државјанин на Република Македонија со општа здравствена способност, кој активно го владее македонскиот јазик, има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник со положен правосуден испит во Република Македонија, како и работно искуство од најмалку осум години по положениот правосуден испит, со потврдени резултати  во правни работи, односно е редовен/вонреден универзитетски професор кој предава повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика.

Постапка за именување на јавниот обвинител на Република Македонија

Во Законот за јавното обвинителство се пропишува дека јавниот обвинител на Република Македонија, по предлог на Владата на Република Македонија, го именува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување.

Според законски предвидената процедура,  Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија го огласува именувањето на јавниот обвинител на Република Македонија во „Службен весник на Република Македонија” и во најмалку два дневни весници од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, најдоцна два месеца пред истекот на мандатот или веднаш по упразнувањето на местото.

Ако Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати или ако од пријавените кандидати Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител на Република Македонија, може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Владата во вторник ќе ја започне процедурата за именување нов јавен обвинител на Република Македонија

Постапка за именување на јавниот обвинител на Република Македонија

Собранието го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски

Советот на јавни обвинители го прифати предлогот на Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски

Законските одредби за разрешување на јавниот обвинител на РМ по предлог на Владата на РМ

Владата одлучи да иницира постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски

М.В

The post Започнува процедурата за именување на нов јавен обвинител на Република Македонија appeared first on Академик.

Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците

$
0
0

Собранието на Република Македонија да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците, заради отстранување на проблемот со наплатата на нереално високи надоместоци за патни трошоци на пратениците, предлагаат„Транспаренсиинтернешнл – Македонија“ и Центарот за економски анализи.

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ и Центарот за економски анализи изразуваат длабоко незадоволство поради игнорирањето на препораките на Државниот завод за ревизија кои се однесуваат на воспоставената практика на пратениците за себе да прибавуваат финансиски надоместок за користење на приватно возило во службени цели, кој не соодветствува со нивните реални трошоци. Поради тоа, велат од двете организации,  го повикуваме Собранието на Република Македонија да направи измени во Законот за пратениците и подзаконските акти во согласност со препораките од извештаите на Државниот завод за ревизија.

Законот за пратениците предвидува право членовите на Собранието на РМ да примаат надоместок за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели, во висина од 30% од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар за возилото што се користи. Државниот завод за ревизија во извештаите за извршена финансиска ревизија од 2008, 2010 и 2016 година препорачал да се преиспита висината на надоместокот во насока на негово намалување, со оглед на тоа што овие расходи се нереални и опфаќаат значителен дел од вкупните расходи на Собранието на РМ. И покрај тоа, Собранието сè уште нема постапено по препораките на Државниот завод за ревизија и понатаму на пратениците им исплаќа нереално високи надоместоци за патни трошоци, со што значително го оптоварува својот буџет.

„Транспаренсиинтернешнл – Македонија“ и Центарот за економски анализи го повикуваат Собранието на РМ да постапи по препораките на ДЗР, со цел да ја отстрани можноста пратениците да добиваат надоместоци за трошоци во висина во која, всушност, не се направени. Истовремено, го повикуваат Собранието на РМ конечно да го донесе Кодексот за етика на пратениците во Собранието на РМ. Со тоа ќе се постави рамка за етичко однесување на пратениците во ситуации кога одредено однесување, иако е легално, не е етичко како во овој случај. Со донесувањето на ваков кодекс, Собранието истовремено ќе ја исполни и препораката на ГРЕКО од извештајот за усогласеност од четвртиот круг на евалуација, а кој, меѓу другото, се однесува на превенција на корупција меѓу членовите на Парламентот.

Република Македонија пред себе има сериозен предизвик во обидот да се бори против коруптивното однесување на оние што се избрани и именувани да работат во интерес на граѓаните. Затоа е недозволиво речиси десет години да се игнорираат препораките на Државниот завод за ревизија. Работата на оваа институција е насочена кон детектирање на недостатоците во работата на институциите, а препораките во нивните извештаи даваат насока како да се дејствува за отстранување на тие недостатоци. Нивното игнорирање го прави залудно постоењето на ДЗР и ја саботира борбата против корупцијата. Затоа го повикуваме Собранието на РМ да ги донесе неопходните измени на регулативата и да воведе суштински промени во нејзиното сузбивање.

ГРЕКО препорачува забрзување на постапката на донесување Етички кодекс на однесување за членовите на Собранието и осигурување дека тој ќе биде лесно достапен за јавноста. Исто така, препорачува и воспоставување на соодветен механизам во рамките на Собранието кој ќе го промовира Кодексот и ќе ја подигне свеста меѓу неговите членови во врска со стандардите кои се очекуваат од нив и кој ќе ги спроведе стандардите онаму каде што е потребно.

Етички кодекс за пратениците, спречување судир на интереси и примање подароци – препорачува ГРЕКО за членовите на Собранието

M.В

The post Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците appeared first on Академик.


Досегашни јавни обвинители на Република Македонија

$
0
0

Перо Коробар, Кирил Миљовски, Никола Вражалски, Лазар Мојсов, Димо Кантарџиски, Јован Дуковски, Панта Илиев, Боро Догаџински, Јордан Јордановски, Марко Бундалевски, Јован Трпеновски, Стеван Павлески, Ставре Џиков, Александар Прчески, Љупчо Шврговски и Марко Зврлевски се имињата на досегашните македонски јавни обвинители според податоците што ги објавува  Јавното обвинителство на Република Македонија.

Перо Коробар

Прв јавен обвинител на Македонија. Роден 1916 година во Велес. Дипломирал на Правниот факултет во Белград 1939 година. Коробар бил помошник на повереникот за внатрешни работи при АСНОМ, военосудски истражител – обвинител во Вишиот воен суд при Главниот штаб на НОВ и ПОЈ на Македонија, како и во Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во Белград. На 31.3.1945 бил назначен за главен обвинител на Македонија, но за кратко време бил избран за помошник на јавниот обвинител на ФНРЈ. Во 1947 година бил назначен за началник на Одделението за законодавство и организација на државната управа, по што следуваат неговите работни ангажмани во Сојузното одделение за изградба на власта, секретар за законодавство во Владата на Македонија, пратеник во АЗТ, претседател на Уставниот суд на Република Македонија и претседател на Сојузниот суд на Југославија, началник на Одделот за надворешни работи во ЦК на КПМ, управник на Македонскиот народен театар, член на Ревизионата комисија на ЦК на КПМ, член на Културно-просветниот одбор на Југославија и потпретседател на Културно-просветниот собор на Југославија и потпретседател на Културно-просветната заедница на Македонија, член на Главниот одбор на Социјалистичкиот сојуз, член на Претседателството на Сојузот на борците од НОВ на Македонија и член на Советот на Република Македонија. Починал во Скопје во 2004 година.

Кирил Миљовски

Роден 1912 година во Ресен. Дипломирал на Ветеринарниот факултет во Загреб. Во текот нa 1944 годинa, Миљовски стaнaл секретaр нa Иницијaтивниот одбор зa свикувaње нa АСНОМ. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ и бил избрaн зa член нa Президиумот нa АСНОМ. За јавен обвинител на Народна Република Македонија бил именуван на 1.5.1945 година. На оваа функција останал до 27.7.1946 година, по што бил избран за прв претседател на Планската комисија на Македонија и член на Владата на Народна Република Македонија, а подоцна и за министер за трговија и снабдување. Во 1949 година бил избран за редовен професор нa Земјоделско-шумaрскиот фaкултет и зa прв ректор на Универзитетот во Скопје каде што останал до 1954 година. Починал во Скопје во 1983 година.

Никола Вражалски

Роден 1914 година во Кочани. Дипломирал на Правниот факултет во Белград 1940 година. Бил член на АСНОМ и организатор на НОО во Кочани во 1944 година. Во 1945 година бил именуван за окружен јавен обвинител, а потоа и за помошник на јавниот обвинител на Народна Република Македонија. Бил и народен пратеник во Уставотворното собрание на Народна Република Македонија од кочанската околија и член на Уставотворниот одбор за подготовка на Уставот на Народна Република Македонија од 1946 година. За јавен обвинител на Народна Република Македонија бил именуван на 27.7.1946 година каде што останал до 3.11.1948 година. Починал во Скопје во 1997 година.

 Лазар Мојсов

Роден е 1920 година во Неготино. Дипломирал и докторирал на Правниот факултет во Белград. Мојсов бил директор на подружницата „Танјуг“ за Македонија, секретар на Претседателството на народната власт, началник на Одделението за печат на Претседателството на народната влада. Во 1945 бил назначен за народен обвинител на Судот на националната чест.

За јавен обвинител на Народна Република Македонија бил именуван 1948 година, по што станал претседател на Врховниот суд на Македонија, директор на НИП „Нова Македонија“, југословенски амбасадор во СССР и Монголија (1958 – 1961), во Австрија (1967 – 1969), во Обединетите нации, Гвајана и Јамајка (1969 – 1974). Бил заменик министер за надворешни работи на Југославија, директор на Институтот за работничко движење, директор и главен и одговорен уредник на НИП „Борба“. Мојсов бил претседател на Генералното собрание на Обединетите нации (1977 – 1978), од 1980-1981 бил претседател на Претседателството на Сојузот на комунистите на Југославија, министер за надворешни работи на СФРЈ (1982 – 1984) и член на Претседателството на СФРЈ (1984 – 1989) каде што од 1987 до 1988 бил претседател. Починал во Белград 2011 година, на 90-годишна возраст. Погребан е во Алејата на заслужните граѓани, на Новите гробишта во градот.

Димо Кантарџиски

Роден е 1917 година во Штип. Дипломирал на Правниот факултет во Белград 1940 година. Во периодот 1945/46 бил окружен јавен обвинител за тетовскиот округ, по што бил назначен за окружен јавен обвинител за штипскиот округ, а подоцна за скопскиот. Функцијата помошник јавен обвинител ја извршувал од 1947 до 1951 година. За јавен обвинител на Народна Република Македонија бил именуван 1951 година. Подоцна бил назначен за секретар на правосудството на Македонија (1954), бил судија на Врховниот суд на Македонија (1958), судија на Врховниот суд на Југославија (1967) и судија на Уставниот суд на Југославија (1971 – 1979).

 Јован Дуковски

Роден e 1915 година во с. Галичник. Дипломирал на Правниот факултет во Белград 1939 година. Дуковски бил јавен обвинител во Јавното обвинителство за округ – Скопје (1946 – 1949), јавен обвинител во Јавното обвинителство за област Гостивар (1950), јавен обвинител во Јавното обвинителство во град и округ – Скопје (1951), претседател на Окружниот суд во Гостивар (1952), јавен правобранител во Јавното правобранителство на Народна Република Македонија (1952 – 1954). Функцијата јавен обвинител на Народна Република Македонија ја извршувал во периодот од 1954 до 1960 година, по што бил избран за судија на Врховниот суд на Народна Република Македонија (1960/63) и судија во Уставниот суд на Македонија (1963 – 1971).

Панта Илиев

Роден е 1918 година во с. Блатец, Кочанско. Во периодот од 1949 до 1954 година ја извршувал функцијата окружен јавен обвинител во Штип, по што работел во Јавното правобранителство на Македонија (1956 – 1960). Функцијата јавен обвинител на Народна Република Македонија ја извршувал од 1960 до 1967 година. Од формирањето на Судот на здружен труд работел како судија.

Боро Догаџински

Роден е 1917 година во Штип. Дипломирал на Правниот факултет во Белград. За јавен обвинител на Социјалистичка Република Македонија бил именуван 1967 година и на оваа функција останал до 1975 година кога бил избран за судија на Уставниот суд на Социјалистичка Република Македонија.

Јордан Јордановски

Роден е 1925 година во Неготино. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1963 година. Работел во Окружното јавно обвинителство во Штип (1950 – 1952), бил избран за околиски јавен обвинител во Кавадарци (1952 – 1955), заменик на окружниот јавен обвинител во Тетово (1955 – 1957), од 1967 година ја извршувал функцијата на заменик на јавен обвинител на Социјалистичка Република Македонија. За јавен обвинител на Социјалистичка Република Македонија бил именуван во 1975 година и на функцијата останал до 1984 година.

Јован Трпеновски

Роден е 1935 година во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1959 година. Во јавнообвинителската работа е од 1967 година кога бил назначен за заменик на јавниот обвинител во Општинското јавно обвинителство во Охрид,  по што бил именуван за општински јавен обвинител во Охрид (1969 – 1974), а подоцна и за окружен јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје. Функцијата јавен обвинител на Социјалистичка Република Македонија ја извршувал од 1984 до 1989 година кога бил избран за републички секретар за внатрешни работи и член на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија. Во 1991 година бил избран на функцијата заменик јавен обвинител на Република Македонија која ја извршувал до 1992 година.

Марко Бундалевски

Роден е 1936 година во с. Галичник. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1963 година. Во периодот од 1965 до 1969 година извршувал функција на општински јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство во Скопје, а подоцна бил назначен за заменик на окружниот јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје (1970 – 1984), по што бил именуван за окружен јавен обвинител во Скопје. Во 1988/89 година извршувал функција на заменик на јавен обвинител во Јавното обвинителство на Социјалистичка Република Македонија, по што бил именуван на функцијата јавен обвинител на Република Македонија која ја извршувал до 1996 година. Во 1997 година бил именуван за заменик на јавниот обвинител на Република Македонија. Има објавено повеќе стручни трудови од областа на кривичното право. Починал во Скопје во 2003 година.

Стеван Павлески

Роден е 1949 година во с. Долненци – Демир Хисар. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1972 година. Во 1976 година бил именуван за заменик на општинскиот јавен обвинител во Скопје, а во 1984 година за заменик јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје. Бил потсекретар на Службата за државна безбедност во Министерството за внатрешни работи. Во 1991 година бил именуван за заменик јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје. Функцијата јавен обвинител на Република Македонија ја извршувал од 1996 до 1999 година. Денес работи како адвокат.

Ставре Џиков

Роден е во 1952 година во градот Џорџонов во Полска. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. По завршувањето на високото образование, повеќе години работел како истражен судија во Основниот суд Скопје 2. Во 1999 година бил  именуван за јавен обвинител на Република Македонија. Оваа функција ја извршувал до 2002 година. Како јавен обвинител на Република Македонија, во периодот на воениот конфликт во 2001, ги покренал истрагите и обвиненијата за воени злосторства против т.н. ОНА и ја започнал соработката со Трибуналот во Хаг. По заминувањето од функцијата јавен обвинител на Република Македонија, се вклучил во адвокатурата, каде што работи и денес. Автор е и на повеќе стручни научни статии од областа на судството, обвинителството и адвокатурата.

Александар Прчески

Роден е во 1950 година во Битола. Дипломирал 1978 година на Правниот факултет во Скопје. Извршувал повеќе јавни функции во сферата на судството, а бил и претседател на Основниот суд во Битола. Во 2003 година од страна на Собранието на Република Македонија бил избран за јавен обвинител на Република Македонија. Функцијата државен јавен обвинител ја извршувал во еден мандатен период, а потоа професионалната кариера ја продолжил како адвокат. Починал во 2013 година.

Љупчо Шврговски

Роден е 1960 година во Велес. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1986), по што го положил и правосудниот испит. Од 1989 до 1997 година работел како приправник и стручен соработник во Општинскиот суд – Скопје, по што станал заменик обвинител во Основното јавно обвинителство – Скопје каде што бил ангажиран на кривични предмети од целата првостепена надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје. За јавен обвинител на Република Македонија бил избран во 2007 година и оваа функција ја извршувал до 2013 година. Денес работи како адвокат.

Марко Зврлески

Роден е на 4.12.1960 година во Дебар. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положил и правосудниот испит. Бил адвокат и стручен соработник во Јавното обвинителство. Од ноември 2009 до јануари 2013 година како основен јавен обвинител раководел со Основното јавно обвинителство – Скопје. На 21 јануари 2013 година на 52. собраниска седница Марко Зврлевски бил именуван за jавен обвинител на Република Македонија. Функцијата ја извршувал до 2017 година.

M.В

 

 

The post Досегашни јавни обвинители на Република Македонија appeared first on Академик.

Владата ја усвои информацијата за ратификација на најзначајниот меѓународен документ за борбата со насилството врз жените и домашното насилство

$
0
0

Владата на Република Македонија на 24. седница ја разгледа и ја усвои информацијата за потребата од ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција).

Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство од 11.5.2011 година, позната како Истанбулска конвенција, претставува најзначајниот меѓународен документ за борбата со семејното насилство. Истанбулската конвенција е првиот сеопфатен инструмент на европско ниво кој се однесува на насилството врз жените.

Ратификацијата на Конвенцијата подразбира низа обврски за владите што ја имаат ратификувано да преземат конкретни чекори за спречување на сите форми на насилство врз жените: од демнење и сексуално вознемирување до домашно насилство, принуден брак и женска генитална мутилација. Притоа, правата на жените што поминале низ насилство треба да се во центарот на сите мерки кои се спроведуваат по пат на ефективна соработка и координација со сите надлежни органи, институции и организации.

Во Конвенцијата се поставуваат цели за ефективна борба против насилството врз жените и домашното насилство, а она што е особено значајно е што во Конвенцијата насилство врз жените се дефинира како кршење на човековите права, додека пак домашното насилство ги означува сите акти на физичко, сексуално, психичко односно економско насилство што се случуваат во рамките на семејството или домаќинството.

Исто така, по предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата ја разгледа информацијата за воведување на програма за лична асистенција на лицата со телесна попреченост.

„Оваа услуга е еден од клучните елементи за остварување на самостоен живот за лицата со физичка попреченост. Овозможувајќи ваква поддршка, општеството добива активен член на заедницата кој има право на избор и одлука за тоа на кој начин и во кои услови ќе живее и ќе  овозможи активно вклучување и придонес во заедницата во која живее“, истакнуваат од Владата.

По предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на РМ донесе заклучок до Собранието на Република Македонија да го достави Предлог-законот за ратификација на Договорот од Париз, кој се однесува на глобалните климатски промени и емисиите на штетни гасови.

Исто така, Владата ја усвои и информацијата за реализација на проектот формирање и поддршка на земјоделски задруги, како можност за развој на земјоделските стопанства, кои преку поттикнување на економско здружување во земјоделски задруги, со заеднички настап во производството, продажбата и пласманот на своите производи, ќе се стекнат со можност за зајакнување на својата пазарна улога, за зголемување на конкурентноста и ефикасноста во работењето и за зголемување на индивидуалниот приход на земјоделецот.

М.В

 

The post Владата ја усвои информацијата за ратификација на најзначајниот меѓународен документ за борбата со насилството врз жените и домашното насилство appeared first on Академик.

Во подготовка се измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата чија цел е доследна примена на законските решенија

$
0
0

Со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се уредуваат безбедноста и заштитата на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесниците и другите субјекти во сообраќајот на патиштата, правилата на сообраќајот на патиштата, системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патиштата, должностите во случај на сообраќајна незгода, кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центри и возачки дозволи, оспособувањето за управување и стекнување право на управување со моторно возило и прекршочната постапка за деца, посебните мерки на безбедност, организацијата и задачите на советите за безбедност на сообраќајот на патиштата, евиденциите и заштитата на податоците, прекршочните одредби и овластувањата за подзаконски прописи.

Со предложените измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, посочуваат од МВР, се врши содржинско односно нормативно-правно и техничко подобрување на текстот, со цел доследна примена на конкретните законски решенија, имајќи ја предвид досегашната практична имплементација на Законот.

„Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи содржинско и нормативно-правно допрецизирање на законските решенија во правец на нивно унапредување и доследна практична имплементација. Во тоа се состојат и придобивките од предложените решенија, како соодветно и прецизно нормирање на законските решенија за предметните прашања, што би овозможило доследна практична имплементација на предметните одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, истакнуваат од Министерството за внатрешни работи.

М.В

The post Во подготовка се измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата чија цел е доследна примена на законските решенија appeared first on Академик.

Антикорупциската комисија отвори предмет за разрешувањето на директорот на Агенцијата за планирање на просторот

$
0
0

Георгиевски во приговорот наведува дека тој незаконски бил разрешен од функцијата директор на Агенцијата за планирање на просторот на денот на распишување на локалните избори, 6 август. Од тие причини, Георгиевски бара поништување на одлуката за негово разрешување.

Според Државната комисија за спречување на корупцијата, приговорот на Георгиевски е основан и е во согласност со членот 8, став 1, алинеја 4 од Изборниот законик. За овој случај, беше посочено на денешната седница, отворен е предмет.

„Ќе биде испратено барање до Агенцијата за планирање на просторот да биде доставена документација во врска со случајот. Агенцијата е должна до ДКСК да достави оригинални документи врз основа на кои ќе расправаат членовите, но нема законски рок до кога треба тоа да го стори“, рече претседателот на Комисијата, Игор Тантуровски.

Образложувајќи го предметот, членот на Антикорупциска комисија, Жаклина Дамчевска, нагласи дека во врска со случајот треба да се земе предвид и законитоста на именувањето на новото раководно лице на оваа Агенција. Од приложените писмени докази, посочи Дамчевска, јасно е дека одлуката е донесена во период на изборен режим.

„Во согласност со дадената формулација во законот, тој период го опфаќа и денот на донесување на решението за распишување на избори, во конкретниот случај 6.8.2017 година“, рече Дамчевска. Последователно на тоа е дека именувањето на новото раководно лице од страна на Управниот одбор би се случило по тој ден што исто така е незаконито. За тоа прашање, нашата комисија е исто така надлежна и не смее да се оглуши“, рече Дамчевска.

М.В

The post Антикорупциската комисија отвори предмет за разрешувањето на директорот на Агенцијата за планирање на просторот appeared first on Академик.

И новинарите стечајци од затворените локални радија да бидат опфатени со измените на Законот за стечајците

$
0
0

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска имаа работна средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, информираат од ЗНМ.

На средбата се разговараше за можноста новинарите стечајци од затворените локални радија да бидат опфатени со измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на стечајците.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја запознаа министерката Царовска со нерешениот проблем со новинарите од локалните радиодифузери. Чаусидис и Селмани побараа од Царовска сериозно да се разгледа можноста овие колеги материјално да се обезбедат и со тоа да се исправи една голема неправда.

Претставникот на новинарите со статус на стечаен работник, Љупчо Јакимовски, во детали ѝ објасни на министерката за целата голгота низ која поминале колегите од 2008 година, кога на нетранспарентен начин избришале еден став од член на Законот за радиодифузна дејност.

Министерката Царовска рече дека Владата има политичка волја конечно да го реши прашањето со сите стечајни работници и вети дека сериозно ќе го разгледа барањето на ССНМ и ЗНМ и дека во најскоро време ќе ги извести за начинот на решавање на статусот на новинарите стечајци од затворените радија.

M.В

 

The post И новинарите стечајци од затворените локални радија да бидат опфатени со измените на Законот за стечајците appeared first on Академик.

Viewing all 1877 articles
Browse latest View live